Skip to main content

Карол Межеван е новата директорка на Светска банка за за Косово и Македонија

Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Македонија. Како што соопштија од СБ, таа ќе го предводи ангажманот на Светска банка во Косово и Македонија, во спроведување на Рамките за партнерство со земјите. Овие рамки ги поддржуваат двете економии во нивните напори да создадат попродуктивни работни места, да го подобрат квалитетот на јавните услуги и да го поттикнат развојот на човечкиот капитал, со крајна цел забрзување на одржлив раст и приближување до нивоата на приходи во Европската Унија.

Чест ми е што ја преземам улогата на директорка на Светска банка за Косово и Македонија и што имам привилегија да им служам на луѓето. Развојната агенда за овие две земји е јасна: треба да им обезбедиме на луѓето можности за работа и продуктивно да придонесеме за економиите за да можат да растат и да напредуваат во корист на цели општества – рече Межеван.

Карол Межеван, француска државјанка, има повеќе од две децении искуство во Светската банка, на која ѝ се придружи во 2002 година. Таа водеше сложени операции ширум Африка, Латинска Америка и Северна Африка, со силен фокус на меѓусекторски развој и управување. Неодамна, таа беше раководител на програмата за програмата Планета во регионот Магреб, со седиште во Рабат, Мароко. Таа има две магистерски дипломи, една по земјоделска економија и друга по економија на животна средина/природни ресурси.