
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.
До прекин на соработката, како што објави претпладнево Еурофарм Пелистер, дојде по барање на Алонсо, кој поради приватни причини побарал да се врати во Германија.
„Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму“, се наведува во клупското соопштение.
Алонсо седна на клупата на Еурофарм Пелистер во ноември лани и со клубот од Битола изминатата сезона ја одбрани шампионската титула во македонското првенство