Skip to main content
YT61fUyMljU

Весна Кираџиева: Левица не поседува подрум, туку четири ката

Левица поседувала четири ката, а не подрум. Деловните простории за кои веќе некое време се зборува во јавност, купени, како што се тврди, по багателна цена не биле подрумски простории како што убедуваше лидерот на партијата Димитар Апасиев. Така тврди поранешниот висок функционер на Левица Весна Кираџиева. Караџиева, која беше кандидат за градоначалник на Аеродром на минатите локални избори во поткастот „Проверитас“ вели:

Не станува збор за подрум, туку за четири спрата.

Запрашана во однос на купениот имот од страна на партијата Левица во центарот на Скопје, за тоа дали станува збор за подрум, Кирааџиева вели дека воопшто не станува збор за подрум туку за четири спрата.

-Не знам зошто манипулираат со тоа, затоа што тоа се работи кои што ќе излезат на виделина. Може не денес, утре… И сега ти го купуваш времето да ги изманипулираш уште таа мала шака на луѓе кои што имаат доверба во тебе за да извлечеш уште малку можеби да потегнеш до локални избори, ама ќе излезе тоа на виделина. Значи не се работи за, и нивното членство барем во централниот комитет се запознаени и знаат дека се работи за четири ката, не се работи за подрум, вели Кираџиева.

Поврзани вести