
Во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице. Тоа е природен пад од 4140 луѓе за само една година. Во последните четири години изгубивме повеќе од 33000 жители. Како од исчезни еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5% во 2010-тата на 8,8% во 2024-тата. Во многу општини и села веќе нема ниту прво оделение, се повеќе луѓе живеат сами, се помалку стапуват во брак, се помалку деца се раѓаат – рече премиерот Христијан Мицкоски на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“ .
Премиерот најави дополнителни мерки и политики за зголемување на наталитетот.
„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана борба, и ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја политика е со цел да ја вратиме вербата, и размислуваме дополнителни даноци за немажени и неженети. Нема ништо посвето од животот, и нема ништо потажно од тоа дека нашата држава се празни. Но, нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме дека е време за иднина, време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои се иселени да се вратат. Едгар Моран рекол: Демографијата не е судбина, туку огледало. Прашањето е што ќе видиме во него, и дали ќе имаме храброст да дејствуваме“. Ние веќе гледаме и веќе дејствуваме, затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните, и тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање, не на тишина, туку на нови гласови, не на исчезнување, туку на раѓање“, изјави Мицкоски.