Skip to main content

Храната во Труција поскапела за 30 отсто

Фрипик

Годишната стапка на инфлација во Турција во јуни се намали од мајските 35,4 проценти на 35,1 процент, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова е тринаесетти последователен пад на инфлацијата во Турција на годишно ниво, што сега е најниско од ноември 2021 година.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемија за 30,2 проценти на годишно ниво, во споредба со 32,9 проценти во април, додека инфлацијата на домувањето и комуналните услуги се намали од мајските 67,4 проценти на 65,5 проценти.

Сличен тренд е забележан и во угостителската индустрија, бидејќи цените во хотелите, кафулињата и рестораните се зголемија за 35,6 проценти на годишно ниво наспроти 36,9 проценти, а цените во здравствената заштита за 38,7 проценти, забавувајќи во споредба со 40,1 процент во мај.

Забрзување на годишната инфлација е забележано во транспортот, од 24,6 проценти во мај на 27,7 проценти, како и во секторот за рекреација и култура, а цените на облеката и обувките исто така пораснаа со побрзо темпо.

Годишната базна инфлација во Турција малку се зголеми од мајските 35,4 проценти на 35,6 проценти, се додава во извештајот.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 1,4 проценти во јуни, што е најбавното темпо за шест месеци, пренесува Бизнис.ба.

Поврзани вести