Skip to main content

КСП Центар Јадро: Овој јули, во срцето на Скопје, го славиме културниот плурализам и уметничката експресија преку изложби, книжевни средби  и нови перспективи

Овој јули, во срцето на Скопје, го славиме културниот плурализам и уметничката експресија преку изложби, книжевни средби  и нови перспективи.Јули го започнуваме со групната изложба на млади уметници „Овој простор им припаѓа на сите“ која може да ја посетите во просторот до 10ти месецов. Ви го најавуваме и читачкиот клуб кој годинава го именувавме „Јавен простор – место за конфликт“.Читачкиот клуб веќе од април неуморно дискутира за јавните добра, одржливоста и политичките алтернативи. Средбите се водени од социологот и активистка Ивана Драгшиќ, а клубот продолжува и овој месец со нови теми и енергични разговори.

Ве очекуваме и на една необична книжевна дружба во рамките на јубилејното, десетто, издание на книжевниот фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА #10 кој три вечери ќе го исполни просторот на КСП Центар Јадро со разговори, промоции и музика.

Програмата за јули ја заокружуваме со самостојната изложба „Twisting Figment“ на Алекс Клоуз (Канада). Изложбата се состои од апстрактни слики и инсталации, инспирирани од едногодишниот престој на авторот во Кина – истражување на искршената перцепција, интуицијата и телесната ориентација во непознато културно опкружување Бидете дел од јулската програма на КСП Центар – Јадро!
Со радост ве очекуваме!

Поврзани вести