Skip to main content

Мицкоски на средба со високи претставници на Светска банка

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски, се сретна со потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорка за регионот, Сјаочинг Ју, и директорот за земјата, Масимилијано Паолучи, кои се претставници на Светската банка.

Средбата беше можност за дискусија на заедничките приоритети, тековните проекти и идните насоки на соработка со Светска банка, со посебен фокус на развојот, економскиот раст и поддршката за реформскиот процес, соопшти Мицкоски.

Поврзани вести