
Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања, Александар.

„По моја проценка ние сме далеку од правосилност на оваа пресуда, ќе имаме жалба. Секако дека одгоорност ќе се бара тоа е сигруно, ќе се бара на сите нивоа и во таа смисла и насока не знам како ќе постапи Јавното обвинителство. Она со што мојата совест ќе биде чиста во овој предмет е дека во текот на јули месец ќе доставам информација на републичкиот јавен обвинител за цел тек на оваа постапка со барање да изврши увид, но под точки и докази кои ќе бидат наведени и по тоа прашање јас би ставил точка, а на државниот јавен обвинител оставам на совест дали ќе го прочита. Ќе го направам не само поради мене туку заради сите идни предмети и постапки“, рече Туфегџиќ.