
Во израелски напад врз плажата во градот Газа загинаа десетици луѓе, а бројот на жртви денеска во Појасот Газа се искачи на 71.
Според вработените во болницата Шифа, најмалку 21 човек загинале при израелскиот напад врз плажата, а помеѓу жртвите се и неколку малолетници и жени, како и еден новинар.
Палестинската исламистичка милитантна група Хамас, која ја контролира Појасот Газа соопшти дека нападот бил насочен кон камп за раселени лица на плажата, додека палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA) објави дека е погодена зона за одмор на плажата.
Израелската армија соопшти дека ќе ги истражи наводите за нападите, истакнувајќи оти цели на нападите се Хамас и други терористички организации во Појасот Газа, при што се преземаат мерки за заштита на цивилите