Skip to main content

Малолетник избодел 13-годишно момче

Петнаесетгодишен малолетник денеска се здобил со повреди од друг 13-годишен малолетник, со кого бил во роднинска врска.

Денеска во 01:00 часот во СВР Скопје, Ч.Х.(46) од Скопје пријави дека на 28.06.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 15-годишен син се здобил со повреда од остар предмет, нанесена од 13-годишен малолетник со кого се во роднински врски, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести