Skip to main content

Сирски: Силен руски напад врз Константиновка, клучен град на источниот фронт на Украина

president.gov.ua
president.gov.ua

Портпаролот на украинските сили на исток од земјата, Виктор Трехубов за „Укринформ“ изјави дека Константинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, изјави дека неговите сили се соочуваат со нов напад врз клучен град на источниот фронт во војната против Русија, додека Москва тврдеше дека напредува во друга област подалеку на југозапад. Руската војска се фокусира на ставање под контроал на целиот регион Донецк, а градот Костјантинивка е еден од главните цели.

Врховниот украински командант напиша на Телеграм дека областа Константинивка е под жестоки напади. 

Непријателот напредува кон Константинивка, но освен бројните загуби, тие не постигнаа ништо“, напиша Сирски, додавајќи дека  „противникот се обидува да ја пробие одбраната и да напредува по трите оперативни сектори“.

Сирски, исто така, рече дека минатата недела украинските сили одбиле тежок напад во близина на селото Јаблуновка во североисточниот Сумски регион, каде што руските сили се обиделе да воспостават тампон зона во рамките на украинските граници, за да ги оневозможат укранските сили да гранатираат цивилни области во Русија. 

Руското Министерство за одбрана, во извештаите претходно во текот на денот, соопшти дека руските сили го освоиле селото Червона Зирка, подалеку на југозапад, во близина на административната граница на регионот Дњепропетровск.

Русија во последните недели соопшти дека нејзината армија напредувала во областите долж регионот Дњепропетровск, кој се граничи со регионите Доњецк и Запорожје. 

Украинските власти ги негираа овие тврдења.

Поврзани вести