Skip to main content

Перински: Владата не треба да покрива загуби на општината, туку да го поправи квалитетот на живот на граѓаните

Претходната Влада покриваше загуби на локалните самоуправи, што според мене апсолутно е погрешен чекор, бидејќи стимулирате неработење т.е. непродуктивност, затоа што, сведоци сме дека оние локални самоуправи кои зедоа најголем дел од тој колач, сега повторно се горе долу во делот на исто ниво на загубите, што практично ја потврдува оваа моја констатација – вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на прашањето дали унгарскиот кредит ќе обезбеди стабилизација на општините или само затворање на финансиските дупки.

Тој во интервју за Трилинг додава:

Затоа, оваа Влада одлучи да направи повик за локалните самоуправи којшто е насочен кон подобрување на капиталната инфраструктура, којашто би требало да создаде вредност во рамки на самите локални самоуправи, но исто така и да го поправи квалитетот на живот на самите граѓани.

Одговарајќи на прашањето зошто не може да се санираат минусните салда на општините, Перински вели:

Убеден сум дека локалните самоуправи можат да бидат самоодржливи и имаме такви во моментов. Најголема грешка проблеми кај општините загубари е во делот на планирање на приходи и расходи. Планираат дека ќе приходуваат 100 посто од комуналните такси и даноците на имот, за жал не го постигнуваат тој процент, а врз основа на проектираната вредност на приходна страна, проектираат расходна страна која ја реализираат во целост. Тука се генерира таа загуба. Дополнително, имаме огробна разлика меѓу локалните самоуправа во делот на колектирање на средства од сопствени извори на финансирање кои се многу значајни за локалните самоуправи и тоа е суштината на процесот децентрализација – градењето на капацитетите на ниво на локлана самоуправа. Имаме и локална самоурава која во изминатите 10 години нема издадено ниту едно даночно решение, а имаме локална самоуправи кои повеќе од 100 проценти имаат наплата на данок на имот. Секогаш менаџментот е предуслов за успешно функционирање на локалните самоуправи. Од тоа зависи и овој процент на наплата на даноците. Вие секогаш кога кубурите со средства треба да ги видите сопствените потенцијали и ресурси, а потоа да барате заем. Кога од владата во минатите години локалните самоуправи добиваа средства за покривање на загубите, ете го резултатот. Затоа ние рековме не, тоа не е добар модел. Ќе финансираме проекти кои че го зголемат квалитетот на живот на граѓаните.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom