Skip to main content

Тер Штеген не сака да си замине од Барселона, го одби Монако

Facebook / Marc-André ter Stegen

Барселона моментално има премногу голмани и прави сè што е во нејзина моќ да се раздели од Марк-Андре тер Штеген и Ињаки Пења. Сепак, во овој момент, Германецот е категоричен дека не сака да си замине. Монако упатил барање за трансфер, но одговорот бил негативен.

Директорите на каталонскиот тим се свесни за позицијата на голманот, но не исклучуваат ништо. Преодниот рок е на самиот почеток. Според француското издание „Л’Екип“, Монако, со кого Барселона го финализираше трансферот на Ансу Фати на позајмица со опција за откуп, исто така го посакува Тер Штеген со цел да ја зајакне својата голманска позиција. Клубот од Кнежевството, кој заврши трет во Лига 1 и ќе игра во Лигата на шампионите во сезоната 2025/26, верува дека искуството на германскиот интернационалец може да биде од голема корист за подобрување на перформансите на тимот.

Имало контакт помеѓу тимот од Кнежеството и Тер Штеген, при што голманот изјави дека нема намера да ја напушти Барселона, со која има договор до јуни 2028 година. Капитенот на Каталонците сака да се бори за стартното место, иако во оваа фаза ова изгледа како исклучително тешка задача со присуството на Војчех Шчесни, кој го продолжи договорот, и Жоан Гарсија.

Управата на Барселона се надева дека Тер Штеген ќе ја преиспита својата одлука, бидејќи ако сака да игра на Светското првенство следното лето, важно е да има играчки минути во претстојната сезона. Каталонците се уверени дека нема да има недостиг од понуди, како во однос на спортските и техничките вештини, така и во однос на финансиите. Клубот верува дека неговото евентуално заминување не само што нема да има сериозни спортски последици, бидејќи со Жоан Гарсија и Шчесни голманската позиција ќе биде добро покриена, туку тоа ќе биде добра вест и од финансиска гледна точка: ќе се ослободи голем дел од буџетот за плати.

Поврзани вести