
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека е неопходно да се направи разлика помеѓу ставовите на Бугарија и останатите земји членки на Европската Унија кои го признаваат македонскиот идентитет и јазик, кога станува збор за билатералните прашања.
Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и заедничка позиција на сите земји членки на ЕУ, со тоа што би се издвоило што е прашање на билатерален идентитетски аспект, и што е прашање на пристапување во Унијата.
-Мислам дека поединечно ако ги слушаме сите 26 други земји, сите го признаваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа не е спорно. Меѓутоа со Резолуцијата, нивната волја дополнително ќе се потврди. Затоа ние инсистираме да се разделат позициите на другите земји членки и Бугарија, по однос на билатералното прашање, изјави министерот по денешната тркалезна маса „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“ што се одржа денеска во Македонската академија на науките и уметностите.
Во однос на реформите и уставните измени, Муртезани нагласи дека процесот е во тек, но дека за вклучување на Бугарите во Уставот е потребен поширок политички договор.
-Првиот дел е што се однесува до реформите и којшто е се работи во континуитет. Дел од реформите се спроведуваат со поголем интензитет, дел со намален интензитет. Меѓутоа тоа е процес којшто оди. Што се однесува до вториот дел од прашањето, односно вклучување на Бугарите во преамбулата на нашиот Устав, тоа е прашање за коешто треба поширок политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието. Сѐ додека немаме широк политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието, а пред тоа треба сите тие наши грижи или барања да бидат ставени на маса, и разговарани, нема да има политички простор да направиме чекор напред, рече Муртезан