Skip to main content

Цените на нафтата паѓаат откако Израел се согласи на прекин на огнот со Иран

Цените на нафтата паднаа за речиси пет отсто откако Израел се согласи на прекин на огност со Иран по речиси две нели од почетокот на конфликтот, пренесува Би-би-си.

Суровата нафта од типот Брент, меѓународната референтна вредност за цените на нафтата, падна на 68 долари за барел, што е под нивото на кое беше кога Израел на 13 јуни лансираше ракети врз нуклеарните постројки на Иран.

Последните денови цените на нафтата пораснаа, бидејќи постоеше загриженост дека Иран би можел да ги наруши глобалните испораки со блокирање на Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и гас.

Моменталната цена е сè уште далеку под просекот од околу 80 долари за барел, колку што изнесуваше во текот на 2024 година.

Берзите во Азија пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека прекинот на огнот е на сила, по што Израел потврди дека се согласил на овој потег.

Цените на нафтата скокнаа на дури 81 долар за барел откако започнаа ракетните напади, поттикнувајќи стравувања дека трошоците за живот би можеле да се зголемат како што растат бензинот, дизелот и деловните трошоци.

Иран е третиот најголем производител на сурова нафта во ОПЕК, а олеснувањето на тензиите ќе му овозможи да извезува повеќе нафта и да спречи прекини на снабдувањето.

Блискоисточниот конфликт ги зголеми глобалните цени на енергијата, а доколку тој продолжи би имало последователен ефект врз цените на бензинот.

Поврзани вести