
Нема жртви кај американските сили во воената база во Катар откако Иран нападна со проектили нивната база Ал-Удеид, јавија американски медиуми повикувајќи се на функционери во Вашингтон.
Можам да потврдам дека воздухопловната база Ал Удеид денес беше нападната со балистички ракети со краток и среден дострел со потекло од Иран. Во овој момент нема извештаи за жртви од САД“, вели функционерот.
Нема прекин во испораките или производството на државната компанија „Катар Енерџи“ по нападот на Иран врз американската воена воздухопловна база „Ал Удеид“ во Катар, изјави извор директно запознаен со ова прашање.
Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Иран ги координирал нападите врз воздухопловната база во Катар и испратил претходно предупредување до таа земја со цел да се избегнат човечки жртви.
Иран изврши ракетни напади врз американска база во Катар како одговор на американското бомбардирање на иранските нуклеарни објекти. Американските власти негираа дека е нападната нивна воена база во Ирак.
Катарските власти изјавија дека ракетите биле пресретнати и дека немало жртви, осудувајќи го нападот на Иран, но истакнувајќи дека Катар го задржува правото да одговори со пропорционална сила.
Главната база во североисточна Сирија каде што се наоѓаат американските трупи е во целосна готовност и мобилизирана за можни напади од Иран или неговите поврзани групи, додека Бахреин и Кувајт го затворија својот воздушен простор како мерка на претпазливост, по нападот на Иран врз американските бази во Катар и Ирак.