
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на претежно сончево и топло време со значителен пораст на температурите.