Skip to main content

Трамп: САД извршија „многу успешен напад“ врз три ирански нуклеарни постројки

Facebook/Donald J. Trump
Фото: Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. „Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите авиони се враќаат безбедно“, додаде тој и им честиташе на „големите американски воини“.

Трамп ја заврши својата објава со зборовите: „Сега е време за мир“.

Во друга објава на „Truth Social“, претседателот напиша: „Фордо го нема“.

Бомбардирањето беше извршено откако бомбардерите Б-2 беа испратени на островот Гуам претходно вчера, соопштија американски извори. Висок американски функционер изјави дека бомбардерите Б-2 биле вклучени во нападите врз нуклеарните постројки на Иран. Се уште не е јасно дали израелските сили биле вклучени во бомбардирањето, кое значително го прошири опсегот на воената акција.

Поврзани вести