Skip to main content

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

Фото: Икс профил на Андреј Пленковиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ.

За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.

-Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме, нагласи Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот истакна дека Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.
Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава.

Пленковиќ за телефонскиот разговори информираше преку неговиот профил на социјалната мрежа „Икс“, при што нагласи дека со Мицкоски, меѓудругото разговарале и за извештајот на известувачот Томас Вајц за земјава. 

-Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Севцерна Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа. Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Македонија, која заслужува членство во ЕУ, напиша Пленковиќ на „Икс“.

Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Andrej Plenković. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.
Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.
Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава.

Поврзани вести