Skip to main content

Како изгледаат „Богородица“ и „Табановце“ утрово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопштија од Автомото сојузот на Македонија, од каде потенцираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести