Skip to main content

Дина Јашари го отвора концертот на „Масив атак“ на Скопје колинг

Задоволство ни е да споделиме дека магичната ДИНА ЈАШАРИ ќе го отвори концертот на MASSIVE ATTACK како прв концерт од овогодинешното издание на Skopje Calling 2025 на 28 јуни на Стадион на АРМ!, велат организаторите.

На прашањето кој би требало да го отвори концертот на еден од најмагичните глобални бендови на сите времиња, изборот тоа да биде домашниот артист со најмагичен глас беше очигледен и едногласен.

Претставник, а некои би кажале и лидер на новиот македонски музички бран, добитник на регионалната награда ,,Милан Младеновиќ” во 2022, харизматичната кантавторка и продуцентка Дина Јашари цврсто го зазеде своето место под регионалното музичко небо и сосема заслужено ќе настапи пред Massive Attack!

Се гледаме на 28ми јуни на Стадион на АРМ со концертен спектакл, сега веќе за целовечерна музичка магија!

Поврзани вести