Во Пониква не можеш да отидеш на одмор, а не пак на лекување, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче за искрената намера на власта ова одморалиште да го адаптира за рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани.
Добро има ли малку почит ова да го зборува. Па тие луѓе не одат на одмор туку на рехабилитација, вели авторот на емисијата „5 минути со Чавез“.
Да Пониква не може да се споредува со белосветските центри. Филипче брат ,тебе Пониква не ти е ниво, ти си на Дубаи навикнат.
Еве еден предлог, земете ти и Зоки неколкумина од повредените во Дубаи.
Тоа бар за вас не е никаков трошок, и онака сте златни инвеститори.
Пониква можеби ќе беше на ниво на Дубаи Швајцарија или Турција да немаше фирми како на пример Зобек мининг груп која за три пати повисока цена продавала јаглен за РЕК Битола од реалната а таа фирма го почастила Филипче со џипче Ауди Ку 8.
Посредник пак за купопродажбата била фирма на Вице Заев регистрирана на иста адреса во Петрич како фирмата на Филипче.
foto montaza Kurir.mk
Онаа де во Бугарија што заборави да ја пријави. Како се вели кругот е мал а во него сме сите.
Пониква можеби ќе беше како рехабилитациските центри во , Словенија, Грција па дури и во Србија да не беше аферата „Провизии“ каде повторно е Филипче.
Таму Венко додека беше министер за здравство дозволил модуларната во Тетово да се пушти без дозвола и со материјали што горат како кула од карти. По пожарот, кога се свестил што направил , дал наредба другите слични болници да се изградат со огноотпорни материјали.
Пониква можеби ќе беше центар по мерак на Венко со сите нишани. ако не беше и аферата со вакцините за време на короната и во која повторно беше вмешан Филипче.
Во услови кога ЕУ и тогашната влада не оставија да умираме и да не беше Вучиќ ќе немавме ниту една вакцина, Венко како министер за здравство се обиде да купи 200.000 кинески вакцини преку фирма од Хонг Конг.
Една вакцина сакаа да платат 62 евра а сите држави ја купуваа за најмногу 30. Келнерите ова го викаат „ако проџе проџе“.
Дека ништо не е исто како во времето на Филипче доказ е и Обвининението за пожарот во дискотеката во Кочани.
Поднесено е обвинение против 34 лица. Кај да е ќе има и судење и директни виновници. Има разлика од она кога кабелот беше виновен.
Од Атина најубаво се кодоши сопствената земја. Вака најсликовито се објаснува посетата на Филиче во Грција на конференцијата организирана од Aлексис Ципрас.
Таму беше и Заев, го видовме подзебелен и освежен. Филипче во Грција го фалеше Дговорот од Преспа како историски, а Заев и Ципрас доделија награда за филм што го прикажува уништувањето на Палестина.Бери им го паметот на сите тројца. Заедно да ги собереш рејтингот им е на ниво на статистичка грешка.
Поранешната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска два пати признава дека Зоран заев им правел притисок да стокми послабо обвинение за настаните од 27 април и тоа да не биде за она најтешкото -теростистичко загрозување на уставниот поредок ама таа машки одбила.
А браво Вилма, штом си го одбила тогаш у реду е. Да сме правна држава, досега ќе бевте викнати и ти и Зоки на разговор во обвинителството , а ако бевме ептен правна држава ќе имаше и санкции за вас двајца.
Во која држава, мислам во овие нормалниве, премиер се јавува кај обвинител и му кажува што да прави. Зошто, затоа што на пазарџијата од Струмица му требале пратеници за уставните измени и промена на името.
Вилма, тебе нивото навистина ти е Зоки, Боки и компанија. Човек да не те жали што по емисии си прават реално шоу со тебе.
foto collage
Светот доби нова војна, Израел го нападна Иран
Прв се јави францускиот претседател Емануел Макрон дека со сите сили ќе го брани Израел. Макрон брате, ти од женати не можеш да се одбраниш, Израел ќе го браниш.Ене видовме и нас како не одбрани од Бугарите со францускиот предлог, уште не можеме да опоравиме.