Skip to main content
rUqF1X1O2Vg

Тамара и Џамбазов ја објавија „Лавиринт“

„Лавиринт“ е новата соработка помеѓу Тамара Тодевска и Игор Џамбазов, кои досега заедно направија едни од најголемите хитови во модерната македонска музика. Овојпат, Џамбазов, покрај тоа што е автор на текстот пее заедно со Тамара.

Музиката е дело на Тамара и на Роберт Билбилов, кој го направи и аранжманот. Задолжен за спотот, во кој се појавуваат многу познати ликови од естрадата, беше Зоран Стојановски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров.

„Лавиринт“ е веќе достапна на мојот YouTube канал. Видео записот го направивме во сорабтока со голем вел на наши артисти, пејачи, актери, мои пријатели и долгогодишни соработници. Идејата на ова „обединување“ беше да се потсетиме малку на минатото, кога дружбите меѓу колегите и уметниците беа секојдневни и многу позастапени од денеска. Се надевам дека „Лавиринт“ ќе биде вашиот нов летен хит, вели Тамара, заблагодарувајќи се на сите кои учествуваа во создавањето на спотот.

Поврзани вести