
Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството не понудило никакви докази за вмешаност во двете убиства.
Според него, Обвинителството се раководело само врз основа на претпоставки и изнудени признанија, но оти конкретен доказ за вмешаност на Видевски немало.
Манев објасни каде бил Видевски во деновите на убиствата на Панче и Вања.

Во времето на убиството на Панче бил на работното место за што беа посочени двајца сведоци, колеги што работат против него во канцеларија, но тие не беа повикани од страна на Обвинителството.Во моментот на убиството на девојчето се наоѓа во штабот на партијата Десна и нема трага за негово движење на друго место, ниту пак на малолетното девојче е најдена некаква трага, посочува Манев.