
По една година пауза, повторно се враќаме на високиот рид над селото Равен, Гостивар! , соопштија од Археолошкиот музеј на Македонија.
Тимот од Археолошкиот музеј во соработка со стручњаци од Конзерваторскиот центар Гостивар започна со нова сезона на сондажни истражувања на локалитетот Калаја – место каде што слоевите од доцната антика и средниот век сè уште ја кријат својата приказна.
Оваа година фокусот е на бедемите, апсидалната просторија и откривање нови структури на теренот.
Ако дозволат условите – следуваат и воздушни снимки со дрон!
1 Раководител на истражувањето е д-р Роберт Петковски, членови на стручниот тим: м-р Буњамин Џемаиљи,
Филип Аџиевски, Мартин Гиевски, Археолошки музеј-Скопје; Весна Јанковска, Музеј на Македонија; Џезаир
Реџепи, Садат Беќири, Ерсин Дико, Конзерваторски центар Гостивар.
Останете со нас за нови откритија од ридот со приказни.