Skip to main content

Изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра“ во Галерија „Ко-Ра“

Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во 20 часот во Галеријата „Ко-Ра” ќе биде отворена изложба на етно накит „Игра со стаклени монистра”.

Истовремено ќе се биде одржана и работилница за изработка на етно накит, проект во соработка со Културниот центар од Сесвете во Загреб.

Накитот што ќе биде изложен го изработиле Винка Марековиќ водителка на курсот, Мира Халапа и Марија Обад – повеќегодишна учесничка на курсот за изработка на етно накит во Центарот за култура Сесвете.

Водителки на овој проектот се Вјекослава Дамјановиќ, дипломиран етнолог и историчар на уметноста и Виолета Калиќ, дипл. историчар на уметноста со археологија.

Проектот е поддржан од Град Скопје, Град Загреб, од Државната централна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин”- Скопје.

На отворањето на изложбата настап ќе има ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, под диригентска палка на Ангела Рајчиноска.

Поврзани вести