Skip to main content

Мицкоски: Македонија е една од најбрзорастечките економии во Европа

Фото: МИА

Ние сме новата надеж, ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред. Македонија е една од најбрзорастечките економии во Европа истакна вечерва од Битола на одбележувањето на 25 годишнината на ВМРО ДПМНЕ лидерот на партијата и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст.

Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет, рече Мицкоски.

Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, рече Мицкски.

-Ние сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема привилегирани, туку сме да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе злоупотреби довербата на народот.

Поврзани вести