
Италијанската премиерка Џорџија Мелони беше фатена како превртува со очите откако францускиот претседател Емануел Макрон ѝ шепна нешто. Видеото е снимено на самитот Г7, каде една од нивните главни теми беше ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а Мелони може да се види како се наведнува кон Макрон додека тој тивко ѝ зборува. Во моментот кога слушна што има да каже, таа јасно ги превртува очите. Во инаку крутата и протоколски определена атмосфера што вообичаено преовладува на овие самити, овој испад предизвика бројни коментари од јавноста.