Skip to main content

Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска се отвора изложбата посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина

Изложба посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина 1912-1980 од авторот Илија Василески ќе биде отворена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.

Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го протретира ликот и делото на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на македонската држава.

Интелектуалец, доктор на правни науки во Сорбона, Франција, учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија до 1951 година, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото соб-рание на народното ослободување на Македонија, делегат на Второто заседание на Антифашис-тичкото собрание на народното ослободување на Југославија, но и лице кое е репресирано на ли-нија на Информбирото.

Изложбата се организира по повод 45 години години од смртта на Владимир Полежина во соработка со неговото семејство, и ќе биде отворена за публиката до средината на август.

Поврзани вести