Skip to main content

Крушевцанец пијан возел „застава“ и направил сообраќајна несреќа

МВР

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К. (67) од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К., по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта и истиот предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета.

Полициските службеници го исклучиле од сообраќај и задржале во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобзирно управување со моторно возило“, соопштија од секторот за односи со јавност на СВР Битола.

Поврзани вести