Skip to main content

Презентација на Оперативниот план за вработување, средба на министерот Дурмиши со граѓаните во Тетово

Денес, 14.06.2025 година (сабота), со почеток во 13:00 часот хотел Меркуре- Тетово, Министерството за економија и труд, во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе организира јавна средба со граѓани во Тетово, информираат од Министерството за економија и труд.

На средбата ќе присуствуваат Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Селајдин Салиу, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

За време на овој настан ќе биде презентиран Оперативниот план за вработување за 2025 година, со фокус на мерки за унапредување на вработувањето, поддршка на младите и жените на пазарот на трудот, програми за самовработување и стручно оспособување.

Поврзани вести