
Вчеравечер во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола, соопшти МВР.