Skip to main content

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Во Радовиш вчера полицијата од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш, кој управувајќи со мопед „томос“ и со 2,02 промили алкохол во крвта удрил во деветгодишно девојче.

Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш – се вели во соопштението.

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести