
32-годишник од Скопје и малолетни ксе тешко повредени, додека уште две лица се полесно повредени во сообраќајка на скопски булевар. Возачот удрил во рекламно пано и бетонски ѕид.
На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе -годипшнбиде поднесена пријава по член 297 и 301 од Кривичниот законик.