
Премиерот Христијан Мицкоски верува во сигурна победа на локалните избори, кои треба да се оддржат во октомври годинава. Како што нагласи на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ што вечерва се одржа во Велес, нагласи дека е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Според него има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.
-Тоа за мене е потврда за огромната поддршка од народот, но и огромна одговорност што значи дека мора да се има отчетност, да не се заборават вредностите кои ги имаме и ветивме на народот. Но и да се продолжи да се работи со несмалено темпо. Обврската која ја добивме од граѓаните пред се значи одговорност, која не се гледа само во начинот на кој се води политиката, туку и според начинот на кој се однесуваме во секојдневието. Секој еден функционер треба да има на ум дека народот живее тешко и дека мора одговорно да се однесува секој од Владата кон секој еден народен денар со кој управува, рече во своето обраќање премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Тој истакна дека не смее да го разочараат народот кој во нив гледа надеж за промени.
-Не смее да има некаков сомнеж во нашите намери за домаќинско и одговорно работење. Не смееме да го разочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина. Затоа што ветивме работа, и знам колку посветувам внимание и го слушам народот и знам дека мора да правиме разлика од се што беше порано, порача пред младите сили Мицкоски.
Сепак упати и порака до некои функционери кои доаѓаат од неговата партија. Вели меѓу функционерите од ВМРО-ДПМНЕ има добри примери, но има и неколку примери кои можат и мора да работат посилно. ПРемиерот најави дека секоја година ќе има ревизија на работењето на секој еден функционер.
-На смееме да го разгочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и враќање на сонот за Македонија која има иднина. Не смее ниту во еден момент да се заборави на народот, мора да останате сервис и на услуга на народот постојано, и само така ќе бидете гордост и на базата партијата, и на сите кои трчале, макотрпно работеле да бидеме она што сме сега, убедливо најголемата политичка сила во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Најскапото нешто што еден човек може да го остави, како што посочи Мицкоски, е чистиот образ и честа на своето име и дело по кој се препознава.
-Тоа треба да го запамети секој еден кој денес управува со државата. Сите ние денес стоиме на темелите што ги градиле нашите предци. Темели изградени од жртва, од пот, од соништа што се претвориле во химна. Земја што многумина ја пееле, ја бранеле и ја сакале, рече Мицкоски во Велес.