Skip to main content

Мицкоски: Многу млади луѓе со еден мотив – тоа е желбата да изградиме иднина за генерациите кои следат, тука во нашата татковина Македонија

Секогаш со посебна инспирација и чувство на почит и емпатија говорам на настаните на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тука е цветот на младоста. Многу млади луѓе со силни амбиции, различни погледи, многу желби и идеи, но само еден мотив кој води низ сите премрежја, низ сите бури и искушенија- тоа е желбата да изградиме иднина за генерациите кои следат, заедничка иднина тука во нашата татковина Македонија – го започна својот говор премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната 34-та Годишна конференција на Унијата на млади сили.

Тој вели дека сите партиски членови имаат силно изразено чувство на припадност кон Унијата.


Нема член на партијата кој нема силно изразено чувство на припадност кон Унијата, затоа што тука сме растеле, тука сме созревале, тоа е едно заедничко семејство за кои многумина од нас било местото на првите чекори во политиката, првите ангажмани, првите дебати, првите политички акции. И од тука се почнувало, тука созревале многу млади потенцијали, кои подоцна се реализирале во заедничките цели. И кога гледам колку многу ве има, колку само енергија давате, знам дека ВМРО и Македонија имаат иднина – рече Мицкоски.


Тој изрази благодарност до младите од партијата.

Благодарен сум што го чувате огнот на Македонија, ги продолжувате приказните и идеите на се она што на се темели нашата партија, и тоа не се само основачите од деведесеттите кои длабоко ги почитуваме, туку и идеите на илинденците кон кои секогаш сме се поклонуваме, тука се и идеите и заветот на многу големи умови на македонското револуционерно дело, кои ја создавале и се бореле за оваа македонска држава, кои со чест и дело се жртвувале за идеали, за нашата слобода, нашето право на самоопределување, во тешки и невозможни услови, кои никогаш не се откажувале, не затоа што било лесно, туку затоа што верувале и кога многумина ги откажувале, и затоа што пишувале историја тогаш и кога ги негирале. Имале визија, ум и непоколеблива храброст. И никогаш не се откажувале.


Поврзани вести