Skip to main content

Пропорционален модел без изборен праг: Трајанов поднесе предлог за една изборна единица

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог -Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица.

-Ваквите измени  ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт. Во процесот на носење на круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавна контрола над извршната власт – соопшти оваа партија која е дел од владиното мнозинство.

Како што се наведува во соопштението, со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број на гласачи ,а не како досега во изборна единица шест пратеник да се бира со 6 300 гласа, а во изборна единица три,со 10 илјади гласа.

-Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг, а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел. Со предлогот се овозможува и самостоен настап на партиите од помалите етнички заедници и се гарантираат места во Парламентот доколку имат поддршка од гласачи потребни за пратеник. Во врска со идејата за отворени листи укажуваме дека истата се уште не е добро проучена, а искуствата во другите држави покажаа многу слабости. Предлагаме на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини (Центар, Струга и Гевгелија) – наведуваат од ДС.

Поврзани вести