
Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 5 јуни во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, најави портпаролот на германската Влада, Стефан Корнелиус.
Портпаролот наведе дека Мерц и Трамп, помеѓу другото, ќе разговараат и за војната во Украина, одговорот на НАТО на растечките надворешни закани, ситуацијата на Блиски Исток и трговскиот спор меѓу САД и Европска Унија.
Мерц од 6 мај, кога ја презеде функцијата, со Трамп телефонски разговараше неколку пати.