
Свечената сала во објектот Порта Македонија ќе може да се користи и за организирање церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување брак во матичните книги, соопшти Управата за водење на матичните книги.
Управата вели дека за таа цел денеска е потпишан меѓуинституционален договор со Националната установа (НУ) Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје. Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата секој четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14 до 17 часот, за изведување службени венчавки. Соработката стапува во сила од 1 јуни и ќе трае до 31 декември годинава, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните, вели Управата.