
Тешкиот судар на автомобил марка „ауди” и моторцикл на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“, кај соборниот храм во центарот на Скопје, предизвика отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел од градот.
Додека трае увидот од страна на полицијата, затворена е првата лента на „Партизанска”, а сообраќајот на крстосницата го регулира сообраќаец.

Сообраќајната несреќа се случи околу 14.45 часот, при што „аудито” со предниот десен дел од возилото удрил во моторот.
Поради тежината на ударот, возачот на моторот веднаш е пренесен со Брза помош.