
Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски денеска оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин.
На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.
-Ја обновив иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките дозволи. Беа разгледани и сите други аспекти на соработка во областа на безбедноста и полициското работење, размена на информации, едукација на полициски служби, како и соработка во борбата против сите видови организиран криминал, потенцира министерот Тошковски.