Skip to main content

Мукаетов: Се наеваме дека ЕХФ ќе донесе одлука според правилниците

Сопственикот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов, се огласи на својот „Инстаграм“ профил. Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје им се зблагодари на сите фанови кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат тимот во вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ Купот, кој не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.

Тој напиша дека мечот бил организиран перфектно, според сите барања од надлежните, па токму затоа се надева дека одлуката на ЕХФ ќе биде донесена според важечките спортиски правилни.

„Огромно благодарам од срце на сите кои дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.

РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.

Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, стои во постото на Инстаграм профилот на Мукаетов.

Поврзани вести