Skip to main content

Новата линија од Охрид до Базел стартува од 27 октомври, четири месеци порано од најавеното

Facebook/Aleksandar Nikoloski

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека од Охридскиот аеродром ќе се реализираат летови до Базел. Првиот лет на оваа линија ќе се реализира од октомври.

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. ,,Европскиот аеродром” како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора. Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври, напиша Николоски на Фејсбук.

Вчера, Николоски најави дека од 31 октомври ќе има нова авиолинија и од Скопје до Ларнака во Кипа, а во интервјуто за МИА дадено по потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Николоски вели дека се разговара и со „Рајанер“ да дојдат на македонскиот пазар.

Поврзани вести