
Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, вечерва изјави дека вонредните парламентарни избори веројатно нема да бидат распишани оваа година, туку следната, јави дописникот на МИА од Белград.
„Не мислам дека ќе има вонредни избори оваа година, туку следната година. Поблиску сум до таа опција, но не можам да ја исклучам ниту опцијата дека ќе се одржат оваа година… Кога и да се случат, ќе бидеме подготвени“, рече Вучевиќ за „Евроњуз“.
Тој рече дека ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за идејата активисти на СНС да го блокираат судот во Нови Сад и дека потоа ќе донесе одлука.