Skip to main content

Стотици активисти бараат Велика Британија да се врати во ЕУ

foto-rabe-from-pixabay
foto-rabe-from-pixabay

Вратете нè во ЕУ!“, „Изберете Европа“. Со вакви слогани, противниците на Брегзит во Лондон ја повикаа владата да ги преиспита своите односи со Европската Унија, изразувајќи незадоволство од излегувањето на земјата од блокот.

Митингот се одржа откако Даунинг стрит објави дека е постигнат нов, сеопфатен договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Се очекува новиот договор меѓу Лондон и Брисел да додаде речиси 9 милијарди фунти на британската економија до 2040 година. Двете страни го оценија договорот како „историски момент“ додека се обидуваат да ги обноват односите по годините тензии околу Брегзит.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го нарече договорот „ново поглавје“ во односите, сигнализирајќи желба за поконструктивен ангажман. Сепак, пред Ланкастер Хаус, стотици демонстранти ја повикаа владата повторно да се приклучи на ЕУ.

Поврзани вести