Skip to main content

Книжевна анализа, поетско читање и разговор со авторите Санде Стојчевски и Павлина Атанасова

Денеска, во книжарницата „Литература.мк“ на вториот кат во Скопје Сити Мол, со почеток во 17:00 часот, ќе имате можнот даго проследите поетскиот настан ДИПТИХ #5 со Санде Стојчевски и Павлина Атанасова – книжевна анализа, поетско читање и разговор со авторите Санде Стојчевски и Павлина Атанасова.

Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.

Станува збор за настан во рамки на манифестацијата „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 19 до 21 мај, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов ‒ Поезија“, ПНВ Публикации и други чинители, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата.

Влезот е слободен.

Поврзани вести