Skip to main content

Велосипедистката Дуња Иванова избори норма за СП во МТБ Маратон во Швајцарија

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет.

Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 септември во Валис, Швајцарија.

Покрај меѓународниот успех, Иванова викендов стана и државен првак во МТБ Маратон, освојувајќи ја титулата на

Националното првенство што се одржа во екстремни услови на планинските патеки во Крушево.

Следниот голем предизвик за оваа македонска спортистка ќе биде Европското првенство во МТБ Маратон, кое се одржува на 8 јуни во Касела, Италија, каде ќе настапи како македонски претставник меѓу најдобрите европски натпреварувачки.