Skip to main content

Јаневска на Светски образовен форум во Лондон

Министерката за образование и наука Весна Јаневска од денеска до 21 мај ќе учествува на Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини, што се одржува во Лондон.

Оваа година, како што информираат од  Министерство за образование и наука (МОН), форумот е посветен на прашања поврзани со развојот на инклузивни, одговорни и отпорни образовни системи кои поттикнуваат правичен и одржлив социо-економски раст. Ќе се дискутира за изнаоѓање иновативни решенија на актуелни глобални предизвици, етичка употреба на современата технологија и вештачката интелигенција, за ефективни начини на воспоставување јавно-приватни партнерства и развој на меѓународната соработка.

Министерката Јаневска ќе учествува на повеќе тематски сесии, а ќе биде и меѓу говорниците на панел дискусија за влијанието на стручното образование врз економскиот раст, соопштија од МОН.

Поврзани вести