
Незадоволни од играта на своите кошаркари и резултатот кој тогаш беше 53-28 за МЗТ Скопје, навивачите на Куманово влегоа на терен. Домашните навивачи го нападнаа својот кошаркар, Србинот Тадија Тадиќ. Тие биле разочарани од српскиот кошаркар Тадиќ. Имаше вербална расправија, по што навивачите се обидоа да му го соблечат дресот на српскиот кошаркар, од чија игра беа разочарани и револтирани.
Полицијата интервенираше во голема мешаница меѓу играчите и навивачите. Тие ги испразнија трибините, по што мечот продолжи.