Skip to main content

Ноќва нова сообраќајка во која човек возел пијан и без возачка

Ноќва во 02.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода М.С.(31) од Македонска Каменица.

При вршење увид на сообраќајна незгода на ул.„Церска“ со лесни повреди и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото „сеат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести